Градските гробишта со површина од околу 165.000 м2 се лоцирани на локалитетот „Плитници” на излезот од Охрид. Со проектот „Гробишта” кој се одвива во повеќе фази најпрво се изградени основните потребни објекти, паркинг простор, пристапни патеки, управна зграда, мртовечница, како и голем дел од гробните места. Гробиштата ги користат граѓаните и од христијанска и од муслиманска вероисповед функционално поделени во сооднос на бројот на жители од соодветна вероисповед.
Јавното претпријатие за управување со гробишта ЈП „Градски Гробишта” Охрид како единствен управител на градските гробишта во Охрид ги врши следните работи:
- Изготвува план за уредување на гробиштата;
- Изготвува проект за парцелизација и начин на доделување на гробно место во согласност со планот и динамиката на реализација на урбанистичкиот план;
- Доделува гробно земјиште;
- Врши изградба, реконструкција, уредување и одржување на гробиштата;
- Води дневник и регистар на сите погребани лица;
- Воспоставува и води евиденција на носител на гробно место;
- Извршување на градежни оперативи: поплочување околу гробните места, лиење фундаменти, изработка на партерни плочки, ивичњаци, украсни ступчиња,ардинерии, бетонски корпи;
- Изработка, испишување, монтажа на споменици, полирање на елементи од споменици
- Давање под закуп на простор – ресторан, тезги за свеќи, тезги за цвеќе и паркинг простор (полигон за обука на возачи);
- Хортикултурно одржување и облагородување на парковскиот појас околу гробните места и парковскиот дел и други дејности кои се во склоп на ова јавно претпријатие.
в.д Директор
дипл. економист Лидија Темелковска
direktor@gradskigrobistaohrid.mk
046 / 267 – 268