Законски прописи

ЗАКОН ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
Службен весник на Р. Македонија бр.86/08 од 14.07.2008 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредува начинот на определување, изградба, одржување, употреба и видови гробишта, управување со гробиштата, употреба на гробно место и гробница, условите и начинот на вршење на погребални услуги, изградба на надгробни споменици, како и надзор над спроведување на овој закон.
Член 2
Гробиштата како добра во општа употреба се во сопственост на Република Македонија, уживаат посебна заштита и се користат под услови и на начин утврдени со овој закон.

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.04.2011 година
Член 1
Во Законот за гробишта и погребални услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 86/2008 и 156/10), во членот 21 став (1) по зборовите: „погребални услуги“ се додаваат зборовите: „поднесува барање и“. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола, подносителот на барањето има право да поведе управен спор пред Управниот суд“.
Ставовите (4), (5) и (6) стануваат ставови (5), (6) и (7).

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
Службен весник на РМ, бр. 156 од 06.12.2010 година
Член 1
Во Законот за гробишта и погребални услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 86/2008), во членот 30 ставот (1) се менува и гласи: “Лицата од членoт 20 на овој закон може да вршат погребување само врз основа на одобрение за погреб кое се издава од управителот на гробиштата.“

Врз основа на член 19 од Статутот на ЈП Градски Гробишта-Охрид, согласно член 17од Законот загробишта и погребални услуги (Сл.в.на РМ бр.86/08,156/10),, Управниот одбор на ЈП Градски Гробишта Охрид , на одржаната седница на ден ________ г. усвои и донесе:
ПРАВИЛНИК За утврдување на редот, работното време и обезбедувањето мир на гробиштата
Член 1.
Со овој Правилник се утврдува редот, работното време и обезбедувањето мир на Градските гробишта Охрид со кои управува и стопанисува ЈП Градски Гробишта Охрид.