Новости

image ЈП Градски Гробишта Охрид им го честита празникот Курбан Бајрам на сите верници од муслиманска вероисповед

image Деновиве активно се работи на расчистување на просторот пред муслиманските гробишта во насока на подобрување на хигиената и одржувањето на овој ден од гробиштата. Акцијата со истото темпо ќе продолжи и во следните денови сé до целосно расчистување на просторот и обезбедување на достоинствена чистота

image Ценовник DOWNLOAD (pdf)

image Годишен извештај 2022
DOWNLOAD (pdf)

image ОБЈАВА БР.1/2022
DOWNLOAD (pdf)

image ОБЈАВА БР.2/2022
DOWNLOAD (pdf)

image ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАПЛАТА
DOWNLOAD (pdf)

image ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (од 01.01.2021 до 31.12.2021)
DOWNLOAD (pdf)

image План за спречување на корупција за 2021 година на ЈП „Градски Гробишта “ - Охрид
DOWNLOAD (pdf)

image ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА” OХРИД ЗА 2022 ГОДИНА
DOWNLOAD (pdf)

image ИЗВЕШТАЈ од работењето и остварените резултати на Ј.П. ГРАДСКИ ГРОБИШТА-ОХРИД ЗА ПЕРИОДОТ ОД 01.01.2020 ГОДИНА ДО 31.12.2020 ГОДИНА
DOWNLOAD (pdf)

image ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (од 01.01.2020 до 31.12.2020)
DOWNLOAD (pdf)

image Јавно известување и последна опомена пред тужење
DOWNLOAD (pdf)

image ЗА ИЗБОР НА РАБОТНИЦИ ПО ОБЈАВЕН ОГЛАС БР. 03/2021 ОД 21.06.2021Г.
DOWNLOAD (pdf)

image ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ бр. 3 /2021
DOWNLOAD (pdf)

image ЗА ИЗБОР НА РАБОТНИЦИ ПО ОБЈАВЕН ЈАВЕН ОГЛАС
DOWNLOAD (pdf)

image ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ПО ПАТ НА КРАТКОРОЧЕН КРЕДИТ
DOWNLOAD (pdf)

image Јавно известување и последна опомена пред тужење
DOWNLOAD (pdf)

image За пополнување на работно место со постапка на унапредување

ПРИЈАВА ЗА ИНТЕРЕН ОГЛАС 20.07.2020 (word)

1. 1 (еден) извршител за работно место „ Монтер на споменици ” во Одделение за гробишта , градежно одржување и каменорезачки работи " шифра на работно место КДР 0305Б04 034 – давател на јавна услуга , со средно образование, IV годишно или 240 кредити – машинско, електромашинско, градежништво и водостопанство и со или без работно искуство.

Општи услови:

- Да е државјанин на РСМ;

- Активно да го користи македонскиот јазик

- Да е полнолетен

- Да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови :

- Да има соодветни стручни квалификации за работното место доколку е предвидено

- Да има соодветно работно искуство потребно за работното место доколку е предвидено;

- Да поседува посебни работни компетенции потребни за работното место.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија:

- Извод од матична книга на родени;

- Доказ за завршено соодветно образование;

- Потврда за работно искуство доколку се бара;

- Лекарско уверение дека поседува општа здравствена способност за работното место ,

- Пополнета пријава објавена на веб страната на ЈП Градски Гробишта Охрид или подигната во Архивата на ЈП Градски Гробишта Охрид.

Дневно работно време од 07.00 до 15.00 часот.

Работни денови: понеделник – петок .

Неделно работно време : 40 ( четириесет ) часа.

Рокот за доставување на пријавите е 5 ( пет ) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Заинтересираните кандидати поднесуваат : пополнета пријава, во прилог на пријавата поднесуваат Докази дека ги исполнуваат условите содржани во интерниот оглас бр.01/2020 во оригинална форма или заверени на нотар.Пријавата со пропратните документи се доставуваат до архивата на јавното претпријатие со назнака ,, ЗА ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.01/2020 “

Мислење до в.д.директорот за избор на кандидати по овој оглас ќе даде Комисијата за селекција за унапредување формирана со одлука на В.Д.Директорот, а конечна одлука за избор ќе донесе в.д.директорот на јавното претпријатие во законски предвидениот рок.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Контакт телефон 046 267 - 268 , лице за контакт Јулоска Билјана



ПРИЈАВА ЗА ИНТЕРЕН ОГЛАС 20.07.2020 (word)

image ЗА ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ- ВОЗИЛА- ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ(ПРВ ПАТ)

ПРИЈАВА за Возила 27.07.2020 (word)

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ


1. Вилушкар тип ,, ИНДОС “ за индустрија и трговија со

Идентификационен број на возило 80083,Идентификационен број на мотор М 86097, потекло Р.Словенија , носивост 3000 кг. погонско гориво – Дизел, година на производство пред 2005 година.

Почетна цена 44.640,00 ден.


2.Патничко моторно возило Застава 45 Ц Југо со 5 места за седење,

Идентификационен број на возило (VX 1145A00) 01035235,Идентификационен број на мотор 0358947, работна зафатнина во цм3 903 , моќност на мотор во kw 33, погонско гориво – Бензин, боја св.металик 7 Е, маса на празно возило кг. 790 , година на производство 1994. Регистрирано до 23.05.32019 година , ОХ 001 АО ( OH 001 AO.

Почетна цена 7.694,00 ден.


3. Патничко моторно возило Тојота Е 11 Корола со 5 места за седење,

Идентификационен број на возило ( ЈТ 153ZEB100055843) ,Идентификационен број на мотор 4ZZ0796200 , работна зафатнина во цм3 1398, моќност на мотор во kw 71, погонско гориво – бензин, боја црвена 7 А, маса на празно возило кг. 1200 , година на производство 2001. Регистрирано до 23.05.2019 год. ОХ 450 БП ( OH 450 BP ).

Почетна цена 14.500,00 ден.

- Движните ствари се продаваат поединечно.

- Стварите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат.

- Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Писмена пријава- понуда за учество на јавното наддавање до Архивата на ЈП Градски Гробишта Охрид во затворен коверт со назнака ,, НЕ ОТВОРАЈ “ ,, ЗА ОБЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ БРОЈ 1/2020 ,,

Пријавата може да се подигне од Архивата на ЈП Градски Гробишта Охрид или на web страната на јавното претпријатие.

- Данокот на промет и другите трошоци ќе ги сноси купувачот - најповолниот понудувач.

- Минималниот чекор на зголемување на понудата е 500,00 ден.

ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 17. 08.2020 година ( понеделник) со почеток :

- За точка 1 од 10:00 часот до 10: 15 часот ;

- за точка 2 од 10: 30 часот до 10:45 часот;

- за точка 3 од 11:00 часот до 11:15 часот;

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на интернет страница www. еaukcijaohrid.mk


ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Увид на движните ствари – возила кои се предмет на елктронското јавно наддавање заинтересираните субјекти ќе може да извршат секој работен ден во периодот од 10 до 12 часот лице за контакт Мисовски Петар 078 / 289-572.


УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

- Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава- понуда за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата и тоа:

- Доказ за идентитет за правни лица;

– тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);

– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

- Доказ за идентитет на физички лица:

– копија од лична карта или патна исправа;

- Пријавата содржи и првична понудена цена;

- Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната eaukcijaohrid.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

- Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од истекот на рокот за доставување на понуда – пријавата им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.


РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

- Краен рок за поднесување на пријава за учество на јавното е 12.08. 2020 година (среда ) до 15.00 часот.


ПОСТАПКА

- Јавното наддавање започнува со објавување на почетна цена на движната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

- Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена.

- Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото.Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

- За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.

- Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

- Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.

- Најповолниот понудувач во рок од 10 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка јавното претпријатие , а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.

- Со најповолниот понудувач, во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на возилото, се склучува Договор за продажба на движните ствари.


ПРИЈАВА за Возила 27.07.2020 (word)

image ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2019 ГОДИНА
DOWNLOAD (pdf)

image ЈАВЕН ОГЛАС бр. 3/2019
DOWNLOAD (pdf)

image ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2019
DOWNLOAD (pdf)

ПРИЈАВА
DOWNLOAD (pdf)

image ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ на помошно технички лица бр.1 /2019
DOWNLOAD (pdf)

ПРИЈАВА
DOWNLOAD (pdf)

image Дополнување на планот за јавни набавки за 2019 година.
DOWNLOAD (pdf)

image ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ за 2019 година за На ЈП ГРАДСКИ ГРОБИШТА ОХРИД
DOWNLOAD (pdf)

image Давање под закуп на недвижни ствари, простор со продажни објекти со намена за продажба на свеќи и цвеќе , сопственост на ЈП Градски Гробишта Охрид)
ОБЈАВА БР.2/2018

image За давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по прв пат)
ОБЈАВА БР.1/2018 - За давање под закуп на ствари во општинска сопственост

image По дополнувањето на постоечкиот урбанистички план на Градските Гробишта со нова гробна парцела, деновиве привршуваат и градежните активности за ставање во функција на истата. Новата гробна парцела Х5/03 се наоѓа на потегот помеѓу Ресторанот кој е во сопственост на Градски Гробишта и влезот во Градските Гробишта и истата е идентична со гробните парцели Х5/01 и Х5/02. Висината на надоместокот за гробно место во гробно поле Х5 парцела 03 ќе биде иста со висината на надоместокот за гробно место во гробно поле Х5 парцела 01 и 02.
Гробните места во оваа гробна парцела се очекува да бидат ставени во функција со можност за продажба при потреба на граѓаните, веќе од почетокот на следната недела.

image Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид е во завршна фаза со изградбата на трибините на повеќенаменското спортско игралиште кое се гради во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски”.
Воедно, Ве информираме дека забрзано се работи и околу хортикултурно средување и чистење на муслиманскиот дел од гробиштата во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Исто така по барање на граѓаните се врши и поставување на две нови чешми во муслиманскиот дел и една нова чешма во христијанскиот дел од градските гробиштата.

image По налог на Локалната Самоуправа односно Фондот за комунален развој, Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид отпочна со реализација на проектот за изведба на трибини на повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски”. Трибините ќе бидат направени од армиран бетон, а финансиската конструкција на овој градежен зафат изнесува околу 660.000 денари. Се очекува изведбата да заврши за околу две недели.

image Работната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид покрај редовното секојдневно чистење на градските гробишта, деновиве со зголемен интензитет работи на хортикултурно уредување и чистење во пресрет на празниците Задушница и Духовен.

image По барање на Локалната Самоуправа односно Фондот за комунален развој градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид отпочна со градежни активности во село Велгошти. Имено, ќе се извршуваат следните градежни зафати:
- поплочување на улички со бекатон плочки од 700м2;
- поставување на коловозни ивичњаци на бетонска подлога;
- поставување на парковски ивичњаци на бетонска подлога и
- бетонирање на тротоари, патеки и изработка на собирни и одводни површини.
Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 1.000.000 денари и се очекува да заврши за околу еден месец.

image Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид започна со градежни активности за партерно уредување на локацијата пред Oхридска Банка и ЕВН Oхрид и тоа: бетонирање на бетонски ѕидови, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи. По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски Гробишта” Охрид ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

image По налог на Локалната самоуправа Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид пред неколку дена отпочна со градежни работи во село Љубаништа. Имено, се пристапи кон уредување на плоштадот во непосредна близина на спомен обележјето на паднатите борци. Во проектот предвидено е партерно уредување односно поставување на околу 220 м2 бекатон, коловозни извичњаци, парковски ивичњаци, ѕидање на потпорни ѕидови и поставување на фонтана и хортикултурно уредување околу споменатиот плоштад и поставување на шест клупи. Сите активности се очекува да завршат за околу пет работни дена.

image И покрај секојдневното и тековно одржување на чистотата и уредноста во градските гробишта, екипите на ЈП „Градски Гробишта” Охрид, денес 14.09.2015 година со поголем интензитет и забрзано темпо започнаа со чистење и средување на муслиманскиот дел од гробиштата. Имено, косење, метење и отстранување на отпадот извршени забрзано и поинтензивно, се отпочна и со пробивање, тампонирање и нанесување на слој од гребен асвалт на улицата која што се наоѓа на источната страна од муслиманскиот дел на гробиштата. (фотографии во прилог). Со овој потег ќе се овозможи полесено движење и поголема пристапност кон овој дел на гробиштата.
По завршувањето на оваа источна улица екипите ќе продолжат со рамнење, тампонирање и нанесување на гребен асвалт и на улицата на северозападната страна од муслиманските гробишта, со што од двете страни ќе се добие широка и проодна патека за непречено движење на граѓаните во тој дел од гробиштата. Покрај нанесувањето на тампон и гребен асвалт и на двете страни од улиците ќе бидат поставени и коловозни ивичњаци. Овој зафат ќе биде завршен до крајот на следната недела.

image Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам ЈП “Градски Гробишта” Охрид, покрај тековните работни активности, во изминатите денови интензивно и посветено работеше на средување и хортикултурно дооплеменување на просторот низ муслиманските гробишта, при што се работеше на чистење и метење на патеките, засадување на садници и цвеќе, косење на трева.
Воедно ЈП “Градски Гробишта” Охрид ја користи оваа прилика на граѓаните од муслиманска вероисповед да им го честита празникот Рамазан Бајрам со искрени желби за здравје, среќа и успех.

image Согласно Јавниот оглас за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги кој во рамките на програмата за обезбедување на социјална заштита на граѓаните од средствата на буџетот на општината, го објавува Општина Охрид, ЈП “Градски Гробишта” Охрид ги повикува сите граѓани од категоријата опфатена со огласот, а кои поседуваат гробно место и кои се во обврска за плаќање на такса за гробарина, во рокот наведен во огласот (до 15.07.2015 година) да поднесат барање за субвенција – покривање на трошоци за плаќање на гробна такса – гробарина до општина Охрид. За условите, роковите и начинот на пријавување граѓаните може да се информираат на следниот линк: http://ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=5025

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ” бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 08/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ
ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ” бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 07/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ
ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ” бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 06/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА СВЕЌИ
ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ” бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 05/2014 ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ– ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ ПО ПАТ НА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ – ПО ВТОР ПАТ
ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 04/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ
ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 03/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ
ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 02/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( “Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007, 35/2011 и 166/2012 ), ЈП Градски Гробишта – Охрид објавува ОГЛАС БР. 04/2013 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА СВЕЌИ ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта

image Од ЈП Градски Гробишта информираат дека се издаваат под закуп три времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта. На јавното надавање кое ќе се изврши на 3- ти октомври во 12.30 часот во административнит епростории на јавното претпријатие, можат да учествуваат правни и физички лица регистрирани за дејноста за која што се наменети тезгите кои ќе се издаваат на краткотраен закуп за времетраење од 1 година.

image Ги известуваме граѓаните кои поседуваат односно се старатели на гробни места во Градските Гробишта Охрид, а кои не го подмириле надоместокот за одржување дека ЈП Градски Гробишта од 01.12.2013г ќе почне со утужување на заостанатите долгови поради можноста од застарување на побарувањата.
Ги молиме граѓаните благовремено да ги подмират своите долгови кон ЈП Градски Гробишта како би избегнале дополнителни судски, нотараски и други трошоци.
Плаќањето може да се изврши во административните простории лоцирани во Градскиот Пазар и административните простории лоцирани во кругот на Градските Гробишта секој работен ден од 07 до 19 часот, а во Градските Гробишта и во сабота и недела од 07 до 13 часот.
За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на тел.046 267-268.

image Од ЈП Градски Гробишта информираат дека се издаваат под закуп три времени објекти - тезги во кругот на Градските Гробишта. На јавното надавање кое ќе се изврши на 3- ти октомври во 12.30 часот во административнит епростории на јавното претпријатие, можат да учествуваат правни и физички лица регистрирани за дејноста за која што се наменети тезгите кои ќе се издаваат на краткотраен закуп за времетраење од 1 година.

image Екипите на ЈП „Градски гробишта“ континуирано продолжуваат со интензивното уредување на просторот на градските гробишта. Во рамки на активностите кои се извршуваат, на самиот влез од муслиманскиот дел , засадени се 500 садници сезонско цвеќе. Покрај хортикултурното уредување на парцелите, поставени се 50 фундаменти на гробни места кои досега не биле поставени,се изведува и поплочување со бетонски плочки од сопствено производство, се поставуваат ивичњаци околу патеките и се врши темелно косење, метење и чистење на гробиштата и гробишната инфраструктура. Извршено е и уредување на депонијата од која се транспортирани повеќе од 300 камиони шут и ѓубре. Менаџментот на јавното претпријатие ја исплати и јунската плата на вработените, со што претпријатието повеќе не должи по основ на плати за вработените. Активностите околу одржувањето и уредувањето на градските гробишта и во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат со истата динамика, се со цел зачувување на средината и чистотата на гробиштата.

image ЈП „Градски Гробишта“ Охрид ги известува сите правни и физички лица дека издава под закуп времени објекти-тезги за продажба на цвеќе во Градските Гробишта Охрид. Тезгите се поставени на влезот од Градските Гробишта, на потегот од чуварската куќичка према гробиштата, означени со редни броеви 1 , 2, 3, 4 и 5. Истите ќе бидат издадени по пат на лицитација (јавно усно наддавање) за период од една година, почетна цена за секоја тезга е 4.500,оо денари. Лицитацијата ќе се одржи на ден 19.07.2013 год.(петок) со почеток во 10:00 часот во административните простории на ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ќе достават свои пријави во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласот. Пријавите треба да содржат број на тезгата за која пријавениот е заинтересиран, како и точен назив на правното лице, седиште, жиро сметка и даночен број и истите да бидат доставени во затворен плик на кој ќе стои точната адреса на издавачот на деловните простори: ЈП „Градски Гробишта“ Охрид, „15ти Корпус“ бб Охрид. Сите заинтересирани за подетални информации можат да се јават во административните простории на ЈП „Градски Гробишта“ Охрид секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот или на телефонот 267-268.

Веднаш откако Локалната самоуправа и новото раководство на јавното претпријатие „Градски гробишта“ превзедоа интензивни мерки и активности за средување на просторот на градските гробишта, менаџментот на јавното претпријатие деновиве за краток временски период успеа на вработените во ова претпријатие да им обезбеди средства за исплата на личен доход за месец март каде последната исплатена плата на секој вработен за месец февруари беше поделена во неколку делови. Одговорното, транспаретно и чесно работење ќе биде приоритет во работата на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите општински јавни претпријатија.

Односот према покојните е едно од мерилата на култура и почитување на предците, меѓутоа и на другите околу нас и на самата денешница. Нашиот народ во тој однос никогаш не бил неодговорен и рамнодушен. Состојбата на гробовите зборува за нашата грижа, цивилизацискиот однос и почитта кон нашите предци. Уредени или неуредени, гробиштата се огледало на еден град и неговите граѓани. За жал, претходното раководство на Јавното претпријатие Градски гробишта злоупотребувајки ја довербата на граѓаните на Охрид, градските гробишта ги претвори во депонија за отпадоци, градежен шут и други отпадни материјали. Злоупотребите и неодговорниот однос на претходното раководство кулминираше во екот на предизборната кампања со цели само за нив познати. Локалната самоуправа и новото раководство на Јавното претпријатие превземаат интензивни мерки и активности за средување на овој наследен хаос на градските гробишта. Се чистат магацинските простори, се отстрануваат дивите депонии, инфраструктурно и хортикултурно се уредува околниот простор. Во овие активности интензивно се вклучени и другите јавни претпријатија МЈП Проаква и ЈП Нискоградба, се со цел на граѓаните на Охрид да им се овозможи достоинствено да ги чествуваат велигденските празници. За да му го вратиме на гробиштата изгледот кој им е цивилизациски својствен, мораме да го смениме односот кон нив. Гробовите не смеат да бидат место каде што ќе се депонира човечкиот отпад, каде што ќе се таложи човечката негрижа и лакомост по сопствени интереси. Гробиштата пред се треба да бидат место кое не поврзува со нашите мртви предци: достоинствено и возвишено.