За нас

slider image slider image slider-image slider image

Добредојдовте на нашата веб страна

Јавното претпријатие за управување со Градски гробишта Охрид основано е од страна на Советот на Општина Охрид со Одлука бр. 07-2152/20 од 30.08.2010 година. Имајќи го во предвид карактерот на дејностите кои ги врши ЈП „Градски Гробишта” Охрид претставува претпријатие од посебен јавен интерес за Општина Охрид.

Градските гробишта со површина од околу 165.000 м2 се лоцирани на локалитетот „Плитници” на излезот од Охрид. Со проектот „Гробишта” кој се одвива во повеќе фази најпрво се изградени основните потребни објекти, паркинг простор, пристапни патеки, управна зграда, мртовечница, како и голем дел од гробните места. Гробиштата ги користат граѓаните и од христијанска и од муслиманска вероисповед функционално поделени во сооднос на бројот на жители од соодветна вероисповед.

Јавното претпријатие за управување со гробишта ЈП „Градски Гробишта” Охрид како единствен управител на градските гробишта во Охрид ги врши следните работи:

- Изготвува план за уредување на гробиштата;

- Изготвува проект за парцелизација и начин на доделување на гробно место во согласност со планот и динамиката на реализација на урбанистичкиот план;

- Доделува гробно земјиште;

- Врши изградба, реконструкција, уредување и одржување на гробиштата;

- Води дневник и регистар на сите погребани лица;

- Воспоставува и води евиденција на носител на гробно место;

- Извршување на градежни оперативи: поплочување околу гробните места, лиење фундаменти, изработка на партерни плочки, ивичњаци, украсни ступчиња,ардинерии, бетонски корпи;

- Изработка, испишување, монтажа на споменици, полирање на елементи од споменици

- Давање под закуп на простор – ресторан, тезги за свеќи, тезги за цвеќе и паркинг простор (полигон за обука на возачи);

- Хортикултурно одржување и облагородување на парковскиот појас околу гробните места и парковскиот дел и други дејности кои се во склоп на ова јавно претпријатие.

в.д Директор

дипл. правник Мите Здравески

mzdraveski@gmail.com

046 / 267 – 268

За јавното претпријатие

Организациска структура

Членови на Управен Одбор:

Ивана Пуроска
дипломиран графички инженер

Лидија Стојановиќ
дипломиран менаџер по туризам

Надица Дукоска
дипломиран менаџер по царина и шпедиција

Јован Бојчовски
магистер по земјоделски науки

Сања Лазареска
Дипломиран економист

Членови на Надзорен Одбор

Билјана Јоноска
дипломиран правник

Тања Нејкоска
дипломиран фармацевт

Митко Темелковски
дипломиран градежен инженер

Милош Петруновиќ
магистер по економски науки

Мирче Огненоски
дипломиран менаџер по гастрономија